Новости
06.10.2018
Почитувани колеги,
По повод јубилејот на ЈЗУ Клиничка болница Штип и Светскиот ден за остеопороза, Македонското друштво на ортопеди и трауматолози, заедно со Македонската асоцијација за применета дензитометрија-ДЕКСА го организираат секцискиот состанок на 19.10.2018 година со почеток во 13 часот во ресторан Канал 77 во Штип со следниот дневен ред:
1. 40 години РЕ Ортопедија во ЈЗУ Клиничка Болница Штип (1978 - 2018)
Рамбабов И. 15 мин.
2. Контралатерални фрактури на колк и други остеопоротични фрактури кај пациенти лекувани поради фрактура на колк во ЈЗУ Клиничка болница Штип
Поповска Д, Пуздерлиски П, Шишков З, Ценов С, Рунчева М, Ушинов К, Карпичарова А, Бојаџиев Д, Илиев М. 15 мин.
3. Медикаментозен третман кај акутни остеопоротични фрактури
Фотева М. 15 мин.
4. Комерцијална презентација на АД АЛКАЛОИД 15 мин.
5. Мускулоскелетни манифестации на системски лупус еритематозус - приказ на случај
Автори: Рунчева М, Ценов С, Карпичарова А, Поповска Д. 10 мин.
6. Комерцијална презентација на МОЈА ФАРМАЦИЈА 10 мин.
КОКТЕЛ
Поканата е адресирана до членовите на Здружението на физијатри, Здружението на реуматолози, Здружението на ендокринолози и Македонско здружение за остеопороза.
Состанокот е акредитиран и подржан од фармацеутската компанија А Д АЛКАЛОИД -Скопје
Со почит,
Проф. д-р Зоран Божиновски,
Претседател на Македонското друштво на ортопеди и трауматолози МАДОТ
<< Назад